Турскиот стрелец Дикеч ривлече големо внимание поради стилот на стрелање / Photo: AA

Јусуф Дикеч, турскиот стрелец кој на Олимпијадата во Париз освои сребрен медал, привлече големо внимание поради начинот на стрелање без специјална опрема што вообичаено ја користат натпреварувачите.

Дикеч и неговата тимска колешка Шевал Илајда Тархан го освоија сребрениот медал во мешани тимови на 10 метри со воздушен пиштол на Олимписките игри во Париз 2024 вчера откако го загубија финалето од Србија со 16-14, што е прв олимписки медал за Туркије во стрелаштво.

Фотографиите и видеата од Јусуф Дикеч станаа вирални поради смирениот и лежерен начин на поставеност при стрелањето.

Многу светски профили на социјалните мрежи реагираа на фотографиите и видеата на 51-годишникот од стрелањето.

Неговите слики дури беа тема и на неколку карикатури и интернет-мемиња.

Негови фотографии се најдоа и на неколку популарни постери за видеоигри и филмови.

Илон Маск, бизнис-магнат и извршен директор на платформата за социјални медиуми X, ги коментираше фотографиите на турскиот спортист пишувајќи „Убаво“ во своите коментари.

Дикеч, пензиониран турски армиски офицер, претходно има освоено два златни медала на Светското првенство на Меѓународната стрелачка спортска федерација (ISSF), еден златен медал на Светскиот куп и пет златни медали на Европското првенство во стрелаштво.

AA
Популарни