Репрезентацијата на Туркије е победник на Европската златна лига во одбојка откако синоќа во Задар ја совлада репрезентацијата на Украина со резултат 3:2 во сетови.
Украинците подобро го започнаа мечот и уверливо го добија првиот сет со резултат 25:14. Турските одбојкари успеаја бргу да се повратат и ги освоија наредните два сета со резултат 25:22 и 26:24.
Украинците не се предаваа, па четвртиот сет го освоија со резултат 25:22, изедначувајќи го мечот 2:2.
Во петтиот одлучувачки сет, Туркије одигра извонредно и го доби овој сет со резултат 15:6, за конечни 3:2 и освојување на шампионската титула на турнирот на Европската златна лига.
Во натпреварот за третото место, Хрватска ја совлада репрезентацијата на Чешка без изгубен сет 3:0.
TRT Balkan / агенции