Возачот на Ред Бул Рејсинг Макс Верстапен победи на неделната трка за Големата награда на Катар во Формула 1, само еден ден откако ја обезбеди својата трета последователна светска титула.
Холанѓанецот во спринт трката во саботата го освои второто место и дополнителни бодови, со кои го осигура првото место бидејќи неговиот клупски колега Серхио Перез и единствениот кој можеше да го престигне Верстапен не ја заврши трката.
Старо-новиот шампионот Верстапен победи на трката за Големата награда на Катар во 57 круга со време од 1 час 27 минути и 39,168 секунди на меѓународната патека Лусаил за да продолжи со славењето.
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, трката ја заврши на второто место, 4,83 секунди зад Верстапен. Совозачот на Пјастри, Ландо Норис, беше третиот кој се искачи на подиумот во Катар.
Двојката на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел се судрија во првиот круг по што Хамилтон предвреме ја напушти трката, а Расел заврши на четвртата позиција.
Верстапен ја оствари својата 14-та победа сезонава.
Холандскиот тркач има 433 бодови во генералниот пласман на возачи. Перез е втор со 224 поени, откако Мексиканскиот возач заврши на 10. место во Катар.
Следната, 19-та трка ќе вози на 22 октомври во американскиот Остин. Сезоната ќе заврши по 23. трка во Абу Даби на 26 ноември.