Винисиус годинава постигна гол во финалето на Лигата на шампионите кога Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0, а со мадридскиот клуб го освои и шпанското првенство / Photo: AFP

Бразилскиот фудбалер и член на Реал Мадрид, Винисиус јуниор, ја доби наградата за најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА за 2024 година.

Церемонијата „The Best“ се одржа во Доха, во предвечерјето на утрешното финале на Интерконтиненталниот куп во кое ќе играат Реал Мадрид и Пачука од Мексико.

Винисиус годинава постигна гол во финалето на Лигата на шампионите кога Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0, а со мадридскиот клуб го освои и шпанското првенство.

Наградата му ја врачи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Меѓу номинираните беа Џуд Белингем, Дани Карвахал, Ерлинг Халанд, Тони Крос, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Родри, Федерико Валверде, Флоријан Вирк и Ламин Џамал.

ФИФА за најдобар тренер го избра Карло Анчелоти од Реал Мадрид.

Во најдобриот тим се: Емилијано Мартинез, Дани Карвахал, Рубен Дијас, Антонио Ридигер, Вилија Салиба, Тони Крос, Родри, Џуд Белингем, Ламин Џамал, Ерлинг Халанд и Винисијус.

Најдобар голман во изборот на ФИФА е Мартинез, а наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол му припадна на Алехандро Гарначо.

Младиот ас на Манчестер Јунајтед доби признание за неверојатниот гол со „ножички“ кој го постигна на премиерлигашкиот меч против Евертон.

Во женска конкуренција наградата за најдобра фудбалерка ја доби Аитана Бонмати од Барселона.

Најдобрите во изборот на ФИФА ги избраа капитените на репрезентациите, селекторите, новинарите, како навивачи на официјалната веб-страница на ФИФА.

Интересно е дека во изборот за „Златната топка“, Бразилецот загуби од Шпанецот Родри, фудбалерот на Манчестер сити, по што комплетната структура на Реал Мадрид ја бојкотираше таа манифестација.

TRT Balkan / агенции
Популарни