Вкупно 90.015 шатори, 167 контејнери за домување и 999 мобилни хигиенски единици беа испорачани во Туркије со координација на странски претставници.      Foto: Reuters

Деветнаесет земји поставија 22 теренски болници во јужните делови на Туркије кои на 6 февруари ги погодија два силни земјотреси, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Вкупно 90.015 шатори, 167 контејнери за домување и 999 мобилни хигиенски единици беа испорачани во Туркије со координација на странски претставници, наведено е во објава на Твитер.

Како дел од помошта, во Туркије пристигнаа 1.344.234 ќебиња, 196.538 вреќи за спиење, 74.750 кревети, 26.622 генератори, 5.722 тони облека, 3.065 тони хигиенски медицински материјали и 5.678 тони храна.

Повеќе од 43.500 луѓе загинаа во земјотресите, според турската Агенција за управување со катастрофи (АФАД).

Силни земјотреси со епицентар во Кахраманмараш силно погодија 11 провинции на југот на Туркије. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Туркије ќе почне да гради повеќе од 200.000 станбени единици веќе во март во подрачјата уништени од земјотреси и процесот ќе биде завршен во рок година дена.

TRT Balkan / агенции
Популарни