Аеродромот „Истанбул“ за 4,5 години го користеа 1,5 милион авиони / Photo: AA

Авионот со код „ТЦ-АНК“, во кој се наоѓаше претседателот Реџеп Таип Ердоган, првпат слета на аеродромот „Истанбул“ на 21 јуни 2018 година. Аеродромот официјално беше отворен на 29 октомври 2018 година, а оттогаш досега аеродромот „Истанбул“ го користеле 1.447.716 авиони.

Според информациите на новинската агенција Анадолу (АА) првиот лет до аеродромот „Истанбул“, чија изградба започна во 2015 година, се случи со слетувањето на претседателскиот авион „ТЦ-АНК“ на првата писта, долга 3.750 метри, широка 60 метри, на 21 јуни 2018 година. Потоа аеродромот официјално беше отворен на 29 октомври 2018 година и почна да опслужува.

На аеродромот „Истанбул“ досега слетале и полетале 1.447.716 авиони, а бил домаќин на приближно 210 милиони патници.

Според статистиката остварена по официјалното започнување на летовите на 29 октомври 2018 година, на аеродромот „Истанбул“ во 2018 година слетале и полетале 775 авиони, со вкупно 95.205 патници.

Забрзано почна да се зголемува бројот на патници и авиони на аеродромот „Истанбул“. Во првиот квартал од 2019 година, кога аеродромот „Ататурк“ сѐ уште се користеше, аеродромот „Истанбул“ беше домаќин на 51.864.499 патници.

Во тој период на аеродромот „Истанбул“ слетаа и полетаа 327.118 авиони, но тој беше неповолно погоден, како и сите други аеродроми во светот, во годините кога епидемијата на КОВИД-19 го ​​покажа своето влијание.

Аеродромот „Истанбул“ во 2020 година го користеле 23.330.411 патници, а во тој период од него полетале и тука слетале 185.642 авиона. Аеродромот во 2021 година го користеле 36.988.067 патници, а слетале и полетале 280.108 авиони.

Со намалувањето на ефектот на епидемијата и постепениот почеток на глобалните летови, аеродромот „Истанбул“ забрзано почна да го зголемува бројот на патници.

Минатата година на аеродромот „Истанбул“ слетале и полетале 425.890 авиони, а низ него минале 64.289.107 патници.

Аеродромот, кој забрзано ја започна и оваа година, во периодот јануари-јуни опслужил 33.265.000 патници и 228.215 авиони.

Соборени се рекордите на летови на Туркије и Европа

Според извештаите на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (Евроконтрол), аеродромот Истанбул го одржува првото место меѓу европските аеродроми според летовите на дневно ниво и притоа, во 2023 година ги собори рекордите на летови во историјата на цивилното воздухопловство на Туркије и на Европа.

Според извештаите на Евроконтрол, аеродромот Истанбул со остварени со 1.684 летови на 11 јуни, станал аеродром со најголем број дневни летови во историјата на Европа.

Аеродромот Ататурк, кој е затворен за цивилни летови, својот рекорд од 230.000 патници и 1.500 дневни летови го постигна на 18 септември 2016 година.

Аеродромот „Истанбул“ на 23 април оваа година опслужил 244.709 патници на 1.548 летови, со што го постигна највисокиот дневен рекорд на патници во историјата на турското цивилно воздухопловство.

AA
Популарни