Акар: Над 20.000 Сиријци во Туркије доброволно се вратија дома по земјотресите / Photo: AA

Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, изјави дека над 20.000 Сиријци во Туркије се вратиле во својата земја преку границата по неодамнешните земјотреси во јужниот регион на Туркије.

Говорејќи пред новинарите во јужната област Хатај, Акар ги отфрли тврдењата дека постои прилив на сириски бегалци во Туркије преку нејзината јужна граница, нарекувајќи ги „апсолутно невистинити“.

„Граѓаните на Сирија кои живеат во Туркије се враќаат во својата земја поради загубата на своите домови и роднини. Има сириски државјани кои од Туркије во својата татковина одат во еден правец. Во моментов оваа бројка надмина 20.000“, рече Акар.

Над 41.000 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што на 6 февруари ја потресоа јужна Туркије.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 области.

Неколку земји во регионот, вклучително и Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа потресите што ги погодија за помалку од 10 часа.

Силните потреси предизвикаа големи разурнувања и жртви во Сирија.

TRT Balkan / агенции
Популарни