Алтун: Грција не ја искористи шансата за дијалог од претседателот Ердоган    Фото: АА

Шефот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун, изјави дека Грција не ја искористи шансата што претседателот Реџеп Тајип Ердоган му ја даде на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за отворање канали за дијалог меѓу двете земји.

Алтун во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ зборуваше за последните случувања.

„Нашиот претседател и даде шанса на владата на Мицотакис и со тоа ги отвори каналите за дијалог. Премиерот на Грција не ја оцени оваа можност“, изјави Алтун.

„Грција само си штети себеси со позиционирање против Туркије со ниски проценки или со доверба во трети земји“, додаде тој.

Во однос на активностите за дупчење (сондажа) во Медитеранот, тој рече дека Туркије одлучува сама како суверена држава каде нејзините бродови за дупчење ќе вршат активности.

Грција ги прекршува меѓународните договори

Алтун истакна дека Грција ги прекршува меѓународните договори со вооружувањето на островите кои имаат демилитаризиран статус.

„Да се ​​верува дека Туркије нема да крене глас против овие незаконски чекори на Грција, значи да не се познава Туркије“, рече Алтун, додавајќи дека Грција е таа што ги зголемува тензиите во Егејот веќе неколку месеци.

„Ако Туркије сакаше да игра опасна игра како Грција, ќе гледавте турски воени авиони на полуостровот Атика. Но, ние немаме таков проблем“, изјави Алтун.

Тој повтори дека Туркије не била и нема да биде страната што ги крева тензиите, но нагласи дека неговата земја ги има сите можности и способности да одговори на какво било дело.

AA
Популарни