Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун во врска со годишнината од израелскиот геноцид во Газа на својот профил на Х изјави дека „Оваа бруталност, која е едно од најголемите злосторства во поновата историја, секако нема да остане неказнето“.
Истакнувајќи дека Израел продолжи да врши геноцид, да пролева крв и да го гази меѓународното право и човечките вредности во Газа веќе една година, пред очите на целиот свет, Алтун рече:
„Денеска е 7 октомври 2024 година... Израел веќе една година пред очите на целиот свет врши геноцид, пролева крв и ги гази меѓународното право и човечките вредности во Газа. Врши масакри на цивили, невини, здравствени работници и новинари на заслепувачки начин, непочитувајќи ги законите, принципите, моралот и границите. Ова дивјаштво, кое ги ужаснува очите и ги пали срцата, ја ранува колективната совест на човештвото. Израел, кој врши геноцид и ги спречува луѓето да ги достигнат своите најосновни потреби од 7 октомври 2023 година, во тој процес уби речиси 50 илјади Палестинци“.
„Ова дивјаштво, едно од најголемите ѕверства во поновата историја секако нема да остане неказнето. Израел порано или подоцна ќе одговара за своите злосторства“, рече Алтун.
Тој ја покани меѓународната заедница повеќе да го крене гласот против архитектите на овој геноцид и рече: „Ние ќе продолжиме да стоиме со невините луѓе и против угнетувањето под водство на нашиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган“, рече Алтун.