Шефот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун, изјави дека Туркије борбата против воената и терористичката пропаганда ја смета за приоритет како што се јакнење на националната безбедност и спречување на хуманитарните трагедии во различни региони.
Во Анкара се одржува Форум за воено новинарство и известување во кризни региони кој Агенција Анадолија (АА) го организира во соработка со Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, а на која присуствуваат новинари од различни делови од светот.
Во обраќањето на отворањето на Форумот, Алтун истакна дека му претставува големо задоволство што присуствува на важниот собир во седиштето на АА и дека Дирекцијата за комуникации одговорно презема мерки за олеснување на активностите на новинарите.
Алтун нагласи дека придаваат големо значење на студиите и обуките кои ги спроведува АА, која со своето повеќе од 100 годишно искуство е гордоста на турското новинарство, во тематските области како што се дипломатијата, животната средина и военото новинарство.
Тој рече дека Туркије е горда што АА нуди бесплатни обуки за новинарите од целито свет и тоа обуки за кои странските компании земаат големи суми на пари. Алтун им се заблагодари на сите кои придонесуваат за таквите активности, особено на генералниот директор на АА, Сердар Караѓоз.
Воениот дописник треба да биде чесен сведок
Укажувајќи на важноста и неопходноста на едукацијата кои се организираат за новинарите кои ќе работат во воени и конфликтни зони и кризни подрачја, Алтун рече дека војните, судирите, тензиите и кризите се горчливата реалност на денешниот свет.
„Би сакал да нема војни, би сакал да нема судири и кризни зони и да не ни е потребен новинар специфичен за оваа област. Меѓутоа, судирите, кризите, војните се горчливата реалност на нашиот свет и нашето време“, рече Алтун.
Истакнувајќи дека светот е соочен со многу кризи и неизвесности, со тешки судири, Алтун наведе дека известувањето за војните, кризите, тензиите и судирите е една од најпредизвикувачките новинарски активност во овој период.
Укажувајќи дека оваа новинарска активност бара посебна обука и стручност, Алтун рече дека новинарите на вакви задачи имаат интензивен психолошки притисок бидејќи во вонредни околности се соочуваат со безбедносни закани и ограничувања за пристап до новинарска опрема.
„Во таа ситуација, новинарот мора правилно да ги користи техничките алатки, за да не се доведе во опасност, да го пренесе она што го видел во кризните, конфликтните и воените зони и да го заштити својот живот во сето тоа. Од друга страна, воените и кризните периоди се исто така периоди кога човекот е најотворен за манипулации, перцептивни измами и дезинформации. Секако, за новинарот би требало да биде темелно начело да не биде инструмент на воена пропаганда и да не и служи на политиката на угнетувањето. Видовме и сведочевме на уништувањето кое го предизвика инструментализираното новинарство во Сирија и Ирак. Меѓутоа, она што воениот дописник треба да го направи е да биде чесен сведок“, рече Алтун.
Репортерот може да го смени текот на војната
Потенцирајќи дека најосновниот пристап на оние кои вршат известување за воени и кризни подрачја треба да бидат „фер сведоци“, Алтун рече дека секој напишан збор и секој кадар на видео може да има големи ефекти врз ситуацијата.
Алтун истакна и дека фотографијата и снимката можат да ја разоткријат целата болка и разорувањето на војната, а понекогаш и да го сменат текот на војната.
„Всушност, како Хохан Галтунг, мислам дека би било посоодветно користењето на терминот мировни репортери отколку воено новинарство бидејќи новинарите со совеста можат да придонесат за завршување на војните, судирите и кризите и така всушност да служат за воспоставување на мирот. Томас Ханиц наведува дека военото новинарство само известува за насилството на фронтот, а дека мировното новинарство се обидува да ја сподели позадината, контекстот и текот на судирот со јавноста, така да не предизвикува продлабочување на војната, туку дава придонес за воспоставување на мирот. Без оглед на сѐ, мораме да продолжиме со нашите професионални активности со јазикот на вестите кој го открива вистинското лице на војната и служи за воспоставување на мирот. Не треба да се занемари дека оваа професија овозможува можност за создавање глобална совест за хуманитарните драми во различните региони“, рече Алтун.
Наведувајќи дека Грција смета во рамките на „мировното новинарство“ на светската јавност да ѝ ја изнесе трагедијата која ја доживеале мигрантите изложени на нехумано постапување во Егејско море, Алтун им честиташе на претставниците на медиумите кои ја известуваат светската јавност за грчкиот нехуман однос кон мигрантите во Егејско море и за трагедиите што ги доживуваат тие несреќни луѓе.
Борба против црната пропаганда
Истакнувајќи дека мировната дипломатија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која ја спроведува во широк распон од руско-украинската војна до кипарското прашање, од проблемите на бегалците до хуманитарната криза, нуди важна визија на секој мировен репортер.
„Зајакнувањето на нашата национална безбедност и спречувањето на хуманитарните трагедии во различни географски области се меѓу приоритетите на Туркије, како и борбата против војната и терористичката пропаганда. Испорачувањето на вистинити вести преку вистинските канали, доверливо и на најбрз начин е одраз на нашиот напор и нашиот правец. Под водство на нашиот претседател, нашата земја води решителна борба против тероризмот, а еден од нејзините сегменти секако е борбата против систематските дезинформации и лажните вести. Освен што на силен начин ги објаснуваме последиците од тоа, вложуваме интензивни напори да се спротивставиме на црната пропаганда на национално и меѓународно ниво“, порача Алтун.
Осврнувајќи се на фактот дека одвреме-навреме, особено во западните медиуми, пристрасноста го заменува новинарството, Алтун изјави дека во тие случаи релевантните земји на пазарот лансираат групи што можат да ги користат, а оние што се бескорисни ги игнорираат или клеветат. Тој додаде дека таквиот тренд и пристап на некои кругови на Западот е особено видлив во однос на антитерористичките операции што ги спроведува Туркије на северот на Сирија.
„Некои новинари кои делувале со терористичките организации тука профитираа правејќи провокативни и нереални извештаи. Некои од нив потпишаа нови договори во замена за повисоки износи. Ние добро знаеме кои се тие. Со иста решителност со која ги уништуваме терористичките групи ќе бидеме на патот и нема да дозволиме системски лаги и дезинформации“, рече Алтун.
Истакнувајќи дека во борбата која го спаси азербејџанскиот Карабах од ерменската окупација, претставниците на медиумите спречија црна пропаганда со вистински информации и слики од теренот, Алтун рече дека сите се сеќаваат и на снимките кои покажуваат како новинарите на терен, по цена на својот живот, работат да следат и известуваат за случувањата во руско-украинската војна.
Потсетувајќи дека турските медиуми, особено Агенција Анадолија (АА) и Турската радио-телевизија (ТРТ), произведоа извонредни вести и снимки, како во борбата на Туркије против тероризмот, така и во војната во Карабах и во руско-украинската војна, Алтун рече дека сите репортери, сниматели и фотографи вложуваат голем труд на теренот.
Наведувајќи дека новите резултати и искуства ја покажуваат важноста на институционализацијата на мировното известување, Алтун нагласи дека АА разви сериозни капацитети за домашните и меѓународните медиуми со програмите за обуки кои ги организира од 2012 година.
Покажувајќи ја книгата „Новинар“ која е издание на АА, Алтун рече дека во тоа дело можат да се најдат сите основни информации за новинарството, методите и техниките на пишување вести и известување директно од теренот.
„Во минатото бев и професор по комуникации и дадов придонес во пишувањето на ова дело и сакам тука да укажам на негова важност“, рече Алтун.
Истакнувајќи дека обуките на АА ги поминале околу 500 новинари од 50 земји, Алтун истакна дека не само јавните институции, туку и сите институции од медиумскиот сектор треба да го покажат своето знаење и способноста за да ги задоволат потребите во оваа област.
Рехабилитација за новинарите во зоните на судирите
Алтун им посака успех на новинарите кои работат во воени, кризни и вонредни услови и оддаде почит на сите претставници на медиумите кои страдаа работејќи во такви опкружувања.
Истакнувајќи дека грижата за новинарите во конфликтните и кризните подрачја не треба да се ограничи на нивната физичка безбедност, Алтун рече дека овие лица можат да се соочат и со посттрауматски стрес и дека во овој контекст треба да се преземат неопходни чекори за рехабилитација на новинарите во соработка со соодветните институции и организации.
„Сакам искрено да кажам дека ќе застанеме зад новинарите кои и овозможуваат на јавноста да добијат информации и никогаш нема да ги оставиме сами. Сакам свет во кој војните и судирите завршуваат, а мирот, стабилноста и довербата преовладуваат“, порача Алтун.
По својот говор, претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на АА Сердар Караѓоз му подари на Алтун фотоапарат направен од рециклирани материјали.
Алтун ја посети и изложбата на фотографии во седиштето на АА во Анкара.