/ Фото: AA

Неопходни се единство и солидарност и заеднички напори за справување со растечката криза во Палестина, повика Фахретин Алтун Директорот за комуникации на Туркије.

Алтун, претседавачот на 12-та конференција на министрите за информации на ОИК, испрати писмо до министрите за информации на земјите-членки на организацијата во кое се осврнува на нападите и кампањите со дезинформации насочени кон Палестина.

Во писмото Алтун наведува дека колективните напори ќе бидат клучни во привлекување на вниманието на меѓународната заедница кон Палестина, додавајќи дека напорите за борба со дезинформациите на Туркије потребно е да бидат придружени од останатите муслимански држави.

Алтун завзеде цврст став против меѓународните медиумски организации кои на моменти се чини дека го минимизираат нарушувањето на човековите права во регионот. Тој остана на ставот дека е многу значајно да се поведе борба против искривување на фактите и точно претставување на настаните во Палестина.

„Во овој период кога фактите се заматени и дезинформации кои се широкораспространети погрешно ја наведуваат јавноста, ги повикуваме Министрите за информации на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИК) да ги засилат нашите заеднички напори во борба со дезинформациите поврзани со неселективните напади врз Палестинците“, посочи Алтун.

Изразувајќи ја непоколебливата поддршка на Туркије за правата на палестинскиот народ, Алтун ги осуди воените напади на Израел кои се во тек, и во обид да спречи понатамошни човечки жртви, повика на безусловен прекин на огнот.

„Туркије ги поздравува напорите за поддршка на палестинската кауза и ставање крај на варварското угнетување врз цивилите во исламскиот свет“, рече тој.

Тој, исто така, нагласи за постоењето на колективна казна врз палестинското население, лишено од основните потреби како храна, вода и струја.

Алтун подвлече дека има итна потреба од преземање акција од страна на меѓународната заедница против нарушување на меѓународното право, признавајќи ја сериозноста на ситуацијата во која илјадници деца веќе загинаа.

„Туркије смета дека е загрижувачки што Советот за безбедност на Обединетите нации не е во состојба да ја исполни својата одговорност“, потенцира тој.

„Светот не смее да заборави дека човековите права важат за сите поеднакво“.

Дезинформациите се гориво за исламофобијата

Директорот за комуникации ја нагласи важноста за борба со исламофобијата, која често се „храни“ со дезинформациите. Во контекст на конфликтот помеѓу Палестина и Израел, тој потенцираше дека расистичките напади и говорот на омраза против муслиманите можа да станат широкораспространети.

Тој тврди дека со ова сценарио, засилено со дезинформации, има потреба од иновативни и глобално координирани напори за борба против исламофобијата и го повика целиот свет да ја признае исламофобијата како злосторство од омраза и активно да работи против тоа.

„Оваа борба не е само должност на муслиманите, туку и една од суштинските одговорности на меѓународната заедница“, рече Алтун.

Расистички напади, говор на омраза кон муслиманите

„Мораме да признаеме дека информациската средина е исполнета со лажни наративи кои кријат нарушување на меѓународното право. Паралелно со неодамнешните конфликти меѓу Палестина и Израел, поминуваме низ период кога расистичките напади и говорот на омраза против муслиманите можат да станат широко распространети“, посочи Алтун.

Велејќи дека исламофобичните чувства намерно поттикнати од дезинформации можат да станат поизразени во такви конфликтни средини, Алтун истакна дека како членки на ОИК, тие имаат клучна улога во водење на овој напор.

Тој го заврши својот апел со покана до целата меѓународна заедница да преземе акција против бруталноста што се случува во Газа.

Тој изрази уверување во вредната поддршка на министрите за информации на ОИК за иницијативите насочени кон борба против исламофобијата на меѓународната сцена и нивната способност да придонесат за прекин на тековниот масакр во Газа.

TRT World
Популарни