Директорот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Република Туркије Фахретин Алтун рече дека во фокусот на Комуникацискиот модел на Туркије е вистината, а не дезинформациите.
Алтун во текот на програмата „Комуникациски модел на Туркије“ порача дека со „преминувањето на системот на претседателска влада од 2018 година, Дирекцијата за комуникации воспоставена во рамките на новата визија во кое комуникацијата на Туркије доби институционална рамка и со тоа Туркије постигна значајни чекори со холистичките и проактивни студии спроведени во областа на комуникациите што всушност денес е приоритет на сите држави да покажат силен национален и меѓународен учинок во областа на комуникациите“.
Наведувајќи дека се обидуваат да воспостават инклузивен екосистем со сите заинтересирани страни во комуникациите, од медиумите до академската заедница, Алтун рече:
„Се потрудивме да управуваме со полето на комуникација на систематски начин. Ги институционализиравме сите наши напори во оваа насока како „Комуникациски модел на Туркије“. Како што денес зборуваме за единствениот економски модел на Туркије, единствениот модел на одбранбената индустрија, единствениот модел на здравствениот систем и оригиналниот модел на хуманитарна помош, мора да зборуваме и за модел на комуникација кој е единствен за нашата земја и ние сме горди на тоа.“ Направивме големи напори за институционализирање на „Моделот за комуникација на Туркије“ од формирањето на Дирекцијата за комуникации и со овој напор од денес можеме да го објасниме моделот наречен „Комуникациски модел на Туркије“.
Вистината како основен принцип
Алтун истакна дека основен принцип до кој се придржуваат во сите овие активности е вистината.
„И покрај дезинформациите на меѓународната сцена, ние рековме „ние сме на страната на вистината“, рековме „ќе продолжиме да ја браниме вистината, да живее вистината“ и се обединивме околу вистината, поради оваа причина поставивме основно мото наречено „Да живее вистината“. Во време кога вистината беше толку искривена и кога се обидуваа да се изнесат лаги и искривувања, се обидовме да ја кажеме вистината, како на нашиот народ, така и на светската јавност. Секако, бевме директна цел на многу напади кога се мешавме во нечии систематски лаги одвнатре и однадвор, или кога попречувавме нечии измами, но не ни беше грижа за ниту еден од нив и нема да ни биде грижа за ниту еден од нив“, рече тој.
Комуникациска мобилизација
Директорот на Дирекцијата за комуникации Алтун изјави дека се обидуваат повеќе да се слушне гласот на Туркије преку „комуникациската мобилизација“ на која повика претседателот Ердоган.
„Оваа мобилизација несомнено опфаќа широк спектар, почнувајќи од борбата против систематските дезинформации до зајакнувањето на турскиот бренд, од управувањето со катастрофи и кризна комуникација до спроведување активности на јавната дипломатија. Отсега, секаде каде што има лаги, секаде каде што има дезинформации, секаде каде што има кампања за оцрнување, секаде каде што има терористичка пропаганда, секаде каде што има дигитален фашизам, секаде каде што има медиумски империјализам, секаде каде што има кибер малтретирање, ние ќе бидеме таму да се бориме против него.Ќе се спротивставиме на сите овие злонамерни процеси. Ќе се бориме за воспоставување чиста, безбедна, транспарентна и демократска средина за комуникација со сите наши институционални капацитети и ќе ја продолжиме оваа борба“, рече Алтун.
Тој рече дека ќе продолжат со сите сили, како што рече турскиот претседател, ќе работат на тоа “Векот на Туркије“ да биде и „Векот на комуникациите“.
„Веруваме дека „Комуникацискиот модел на Туркије“ ќе биде еден од заштитните знаци на турскиот век. Веруваме дека „Комуникацискиот модел на Туркије“ ќе биде моќен модел на ова поле што ќе остави белег на целиот свет. Веруваме дека „Комуникацискиот модел на Туркије“ ќе послужи како силно сидро против кризата на вистината. Веруваме дека „Комуникацискиот модел на Туркије“ ќе овозможи чиста и искрена комуникација насочена кон човекот“, рече Алтун.