Алтун: Грција ја таргетира Туркије за да го одвлече вниманието од неуспесите      Фото: АА

Некои политичари во Грција ја таргетираа Туркије (Турција) за да го одвлечат вниманието од нивните стратешки неуспеси и да добијат политичка поддршка во нивната земја, вели директорот на Одделот за комуникации на Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун, во напис објавен во „Ал Џезира“ (Al Jazeera). Фахретин Алтун во написот ја оцени неодамнешната тензија во Егејското Море, која ескалира поради чекорите преземени од Грција. „Некои политичари во нашето соседство имаат лоша навика да ја користат Туркије како лесна цел за да го одвлечат вниманието од нивните стратешки неуспеси и да добијат политичка поддршка во земјата. Уште еднаш му нагласуваме на нашиот сојузник во НАТО и сосед дека овие пристапи се врзани за понатамошен стратешки неуспех“, нагласува Алтун. Тој ја осуди Грција поради повремено подигнување на тензии со тврдења спротивни на меѓународното право или пропаганда против Туркије на меѓународни платформи. „Континуираното ескалирачко непријателство во Егејското море никому не му е од корист. Цената на оваа напнатост секогаш се зголемува за агресорот“, додаде Алтун. „Наоѓање решенија преку дипломатија и дијалог“ Во својот напис, Алтун исто така тврди дека неодговорните политики на некои европски земји кон Туркије се тесно поврзани со непромисленото однесување на Грција. Тој рече дека пристапувањето на Грчка Администрација на Јужен Кипар во Европската унија со занемарување на кипарските Турци и охрабрување на Грција да ја држи Туркије надвор од Источниот Медитеран, се примери на случаи кога Европа создава проблеми наместо трајни решенија. „И покрај бројните неодговорни потези преземени од Грција против Анкара, Туркије е посветена на изнаоѓање решенија преку дипломатија и дијалог“, нагласи директорот за комуникации Алтун. Тој, додаде дека Туркије сепак ќе ги брани своите национални интереси без разлика на цената. Алтун, ги повика западните лидери да се воздржат од активности кои создаваат непотребни тензии. Истакнувајќи дека Туркије и Грција имаат повеќе заеднички нешта во однос на културата, традициите и народите, отколку нивните разлики, Алтун нагласи дека на светот не му треба уште една зона на конфликт во Егејското Море и Источниот Медитеран. Туркије во последните месеци ги зголеми критиките кон Грција која позиционираше трупи на островите во источниот Егеј, во близина на турското крајбрежје и во многу случаи видливи од брегот. Овие острови мораа да бидат демилитаризирани според Спогодбата од Лозана во 1923 и Спогодбата од Париз од 1947 година, според кои било какви трупи или оружје на островата се строго забранети.

TRT World
Популарни