Аплицирање за престижните стипендии во Туркије до 20 февруари / Photo: Türkiye Bursları

Пријавите за престижната програма за стипендирање на студенти Тurkiye Burslari која секоја година ја спроведува Дирекцијата за дијаспора и сродните заедници на Република Туркије (ЈТБ), се отворени и сите заинтересирани можат да се пријават до 20 февруари.

Во соопштението од ЈТБ потсетија дека станува збор за проект за стипендирање покренат во 1992 година како „Голем студентски проект“, а кој е отворен во светот во 2012 година, под брендот „Turkiye Burslari". Станува збор за конкурс за доделување стипендии за додипломски, мастер и докторски студии на странските студенти.

Туркије, во која студираат студенти од сите делови на светот и оваа година преку програмата „Turkiye Burslari“, за студентите од додипломски, мастер и докторски студии, ги отвора вратите на младите луѓе од бројни земји.

Воедно станува збор и за најопсежна светска програма на стипендирање, а сите заинтересирани пријавите можат да ги испратат преку интернет страницата https://tbbs.turkiyeburslari.gov.tr/ .

„Turkiye Burslari", која се издвојува со својот широк спектар на можности за меѓународните студенти во однос на другите програми на стипендирање, секоја година прима рекорден број пријави.

Програмата за стипендирање позната како најсеопфатна програма на стипендирање на свет која вклучува сместување на факултетите, месечна стипендија, партиципација за факултет, здравствено осигурување, студенти дом, бесплатни стручни и академски програми и трошоци за повратни авионски карти.

TRT Balkan / агенции
Популарни