„Терапевтската шума“ Балчова, која се наоѓа во подрачјето на Балчова во Измир, Западна Туркије, позната како место за намалување и борба против стресот, е прва од ваков вид шума во Туркије, јавува Анадолу.
Се наоѓа на 13 километри од градот, а се смета за добар начин за олеснување на стресот од динамичното темпо на живеење.
Шумата, чиј врв е на 369 метри надморска височина, го привлекува вниманието на љубителите на природата со богатата вегетација, различните пешачки патеки, езерото на браната и импресивниот поглед кон градот.
Според многубројни истражувања, пешачењето во природа, освен што е добро за физичкото здравје, го подобрува и менталното здравје, го намалува стресот и го зголемува севкупниот квалитетот на живеење.
AA