Чавушоглу го посети подрачјето погодено од земјотресот / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го посети Адијаман, кој на 6 февруари беше погоден од земјотрес.

Чавушоглу се сретна со граѓаните погодени од разорните земјотреси што ја потресоа јужна Туркије.

Тој се состана и со министерот за транспорт и инфраструктура на Туркије, Адил Караисмаиоглу, министерот за земјоделство и шумарство, Вахит Киришчи, и со министерот за трговија, Мехмет Муш.

Потоа министерот Чавушоглу разговараше со семејствата на жртвите од земјотресот во шаторската населба и им се заблагодари на екипите кои им помогнаа на граѓаните.

Разговараше и со здравствените работници во мобилната болница.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, на 6 февруари погодија 11 турски области населени со над 13 милиони луѓе, уништувајќи илјадници згради. Турската Управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека бројот на загинати во земјотресот се искачил на 40.642.

TRT Balkan / агенции
Популарни