Turski predsjednik Erdogan prisustvovao je prvom dijelu svečane sjednice. / Photo: AA

Членовите на новиот состав на Големото народно собрание на Република Туркије (ТБММ) синоќа положија свечена заклтва и ги преземаа мандатите, а на почетокот на церемонијата присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Парламентарните избори во Туркије се одржаа на 14 мај, а Врховната изборна комисија пред четири дена ги објави официјалните резултати од изборите.

Челникот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели (75) претседаваше со седницата како најстар пратеник. Присутните во салата оддадоа почест на основачот на Републиката, Кемал Ататурк, а прв заклетвата ја положи Бахчели.

Турскиот претседател Ердоган присуствуваше во првиот дел од свечената седница, а полагањто на заклетвите траеше со часови.

На изборите одржани на 14 мај, партијата чиј претседател е Ердоган, Партијата на правдата и развојот (АК Партија) победи со освоени вкупно 268 места во парламентот.

Другите партии од Народна алијанса предводна од АК Партија, Партијата за национално движење (МХП) освои 50 пратенички мандати, а Партијата за повторна благосостојба (ЈРП) освои пет пратенички мандати, обезбдувајќи заедничко мнозинство од 323 места од вкупно 600 во парламентот.

Републиканската народна партија (ЏХП) освои 169 мандати, а со партнерите од Национална алијанса обезбеди вкупно 212 места во парламентот.

Преостанатите 65 пратенички мандати во палрманетот ги освои Алијансата на трудот и слободата, која ја сочинуваат Партијата на зелена левица со 61 пратенички мандат и Турската работничка партија со освоени четири мандати.

AA
Популарни