Во истанбулската населба Бејоглу во Туркије се случи експлозија, после што на местото на несреќата се упатени противпожарни единици.
По експлозијата која се случи во улицата Истиклал, бројни пожарникари, полцииски и медицински тимови стигнаа на тоа подрачје.
Експлозијата се случи во 16 часот и 20 минути по локално време.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека во експлозијата загинале шест, а повредени се 53 лица.
Полициските екипи ги презедоа потребните мерки на подрачјето каде што дојде до експлозијата.
Како што наведуваат официјалните лица, се уште не е позната причината на експлозијата.
AA