Ердоган: Библиотеката „Рами“ е уредена по модел на богатите културни центри / Photo: AA

Во Истанбул е отворена Библиотеката „Рами“, реновиран и обновен импозантен комплекс на историската воена касарна, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека објектот не е создаден само за библиотека, туку по моделот на културните центри во кои може да се одржуваат и различни манифестации и собири.

Касарната „Рами“ во Истанбул, која има 250-годишна историја, по една и пол година реновирање е претворена во библиотека. Претставена е како најголемата библиотека во Туркије и една од најголемите во Европа, а на своите полици има повеќе од два милиони книги за различни возрасни категории.

Претседателот на Туркије и првата дама Емине Ердоган ја посетија библиотеката пред свеченото отворање. Ердоган на церемонијата рече дека библиотеката за младите и сите посетители ќе биде отворена 24 часа на ден, седум дена во неделата.

„Се приближуваме чекор по чекор до нашата цел да ја дочекаме 100-годишнината од основањето на нашата Република со 100 нови библиотеки“, рече Ердоган.

Тој истакна дека Туркије ќе продолжи да увезува книги од целиот свет и ќе го направи меѓународниот карактер на Библиотеката „Рами“ многу поизразен.

Тој најави продолжување на борбата за развој и просперитет на Туркије на сите полиња.

„Деноноќно работиме за Туркије, која не следи, туку води и Туркије која произведува, а не само да го консумира она што ѝ се нуди во културата и на другите полиња“, порача Ердоган.

Библиотеката „Рами“ има пејзажна површина од 51.000 квадратни метри, што ја прави најголемата во светот. Исто така, има капацитет од 4.200 места за седење, што ја прави меѓу трите најголеми во светот. Има и оддели за сите возрасни групи, почнувајќи од игротека и работилници за најмладите на возраст до три години.

Во овој импозантен комплекс ќе се одржуваат различни национални и меѓународни изложби, конференции и манифестации.

Комлексот на новоотворената библиотека е изграден во стил на народна градина.

Посетителите ќе имаат пристап до интернет, кафетерии и галерии, а секако прошетката низ нејзиниот двор ќе претставува особено задоволство.

TRT Balkan / агенции
Популарни