Договорот за извоз на жито со посредство на Туркије ќе им даде приоритет на африканските земји во потреба, како што е договорено со рускиот претседател Владимир Путин, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ситуацијата во Џибути, Сомалија и Судан не е ниту малку добра. Доколку постои проблем во било која друга помалку развиена земја, ние ќе испорачуваме во тие земји“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју во живо кој заеднички го пренесуваа турските телевизии АТВ, А Хабер, А Њуз и А Пара.
Тој наведе дека и руските и украинските челници пристапија кон Туркије „позитивно“ во однос на прашањето на извоз на житото, рече турскиот претседател Ердоган, како и дека и нивниот одговор бил позитивен.
Договорот за испораката на жито преку Црно море продолжува, најави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорот со рускиот колега Владимир Путин.
Русија во саботата објави дека го суспендира учеството во договорот за извоз на жито од украинските црноморски пристаништа.
Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа на 22 јули во Истанбул договор за обнова на црноморскиот извоз на жито, кој беше запрен откако во февруари почна руско-украинската војна.
Во Истанбул е воспоставен Заеднички координативен центар со претставниците на трите земји и ОН за да ги мониторира пратките.
2 ное 2022
Ердоган: Договорот за жито ќе им даде приоритет на африканските земји
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја истакна важноста на Договорот за извоз на жито преку Црното Море за африканските земји.
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Туркије очекува рекордно зголемување на обновливите извори на енергија
Туркије може да ги задоволи потребите за електрична енергија на сите домаќинства во земјата преку ветерната и сончевата енергија, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар на Истанбулскиот енергетски форум
Алтун: Енергијата треба да биде средство за соработка, а не извор на кризи
Сакаме да изградиме плуралистичка платформа за производство и дистрибуција на информации, на која секој од актерите ќе зборуваат сами за себе, ние сме против еднодимензионалниот асиметричен проток на информации во областа на енергијата, рече Алтун
Што друго би сакале да знаете?
Популарни