Претседателот Ердоган го посети турскиот град Сакарја, а се обрати на свеченоста на отворање на спортскиот комплекс „Реџеп Таип Ердоган“.
Обраќајќи им се на собратите граѓани Ердоган рече дека Туркије денес во секој поглед е понапредна земја, и дека многу бргу се опоравува од разорниот земјотрес.
Турскиот претседател говореше за успесите на неговата земја во областа на одбранбената индустрија, истакнувајќи го примерот на првиот турски воен брод ТЏГ Анадолу.
„Туркије ќе изгради носач на авиони двојно поголем од воениот брод ТЏГ Анадолу. Така ќе ги имаме нашите носачи на авиони на морињата“, рече Ердоган.
Тој исто така додаде дека продолжуваат да преземаат чекори кои трајно ќе ја намалат инфлацијата на едноцифрена бројка.
Туркије е една од десетте земји кои дизајнираат, развиваат и одржуваат сопствен воен брод. Изградбата на воениот брод „ТЏГ Анадолу“ започна во април 2016 година, а заврши оваа година. Околу 70 отсто од воениот брод е изграден со локални капацитети.
Бродот „ТЏГ Анадолу“ може да ги префрлува единиците со големина на баталјон на одредена локација со сопствена логистичка поддршка, без потреба за поддршка на матичната база. Изграден во истанбулското бродоградилиште Седеф, овој воен брод може да превезува хеликоптери, копнени возила, лесни воени пловила и персонал.
Бродот „ТЏГ Анадолу“ е долг 231 метар и широк 32 метри, а може да превезува товар од околу 27 илјади тони.