Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нагласи дека Туркије ќе продолжи со решителната борба против тероризмот.
„Ќе продолжиме со нашата борба одлучно и храбро додека не го елиминираме тероризмот како извор на закана за нашата држава“, рече Ердоган во говорот на церемонијата на доделување дипломи на Академијата за жандармерија и крајбрежна стража во главниот град Анкара, нагласувајќи:
„Враќање од оваа точка апсолутно не доаѓа предвид.“
Ердоган рече дека Туркије е во состојба да заземе храбар и принципиелен став низ светот, пред сѐ, благодарение на успесите што Анкара ги постигна на полето на безбедноста во изминатите 22 години.
Тој нагласи дека е постигнат значителен напредок во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација што е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе.