Во првите 10 месеци од оваа година спречени се 92 терористички напади, од кои 72 бомбашки, нагласи Јерликаја / Photo: AA

Турските безбедносни сили спроведоа над 40.500 операции во Туркије и неутрализираа повеќе од 700 терористи на ПКК/КЏК во периодот јануари-октомври 2024 година, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја.

Јерликаја пред Комисијата за планирање и буџет на Големото народно собрание на Туркије рече: „Неутрализирани се 722 терористи во 40.521 операција што ја спроведовме во руралните и урбаните области.“

Јерликаја истакна дека од 1 јануари до 1 ноември биле спроведени 4.177 операции против терористичката организација ФЕТО, биле уапсени 935 лица, а 655 биле приведени во 1.205 операции против терористичката организација ДАЕШ.

„Во првите 10 месеци од оваа година спречени се 92 терористички напади, од кои 72 бомбашки“, нагласи Јерликаја.

Оваа година досега се неутрализирани триесет и пет високи терористи, додаде турскиот министер.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, деца, жени и постари лица.

ЈПГ е сириски огранок на ПКК. Терористичката организација ФЕТО стои зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

AA
Популарни