Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека Еворпскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не е праведен во своите одлуки, туку донесува политички одлуки кога е во прашање Туркије, а погрешни одлуки кога се работи за Франција и Германија.
Ердоган во обраќањето на свеченоста по повод продолжувањето на работата на правосудните институции по летните паузи, најави унапредување на тој столб на власта во Република Туркије.
„Покрај нашите реформи и досегашните напори, во наредниот период ќе направиме нови подобрувања во нашиот правосуден систем. На врвот на нашиот дневен ред е решавање на проблемот на нашите адвокати. За таа цел сакаме да го обновиме Законот за адвокатура преку соработка со нашите адвокатски комори. Целта е понатамошно јакнење на одбраната“, порача Ердоган.
Турскиот претседател понатаму рече дека некои кругови се обидуваат да го жртвуваат правосудниот систем на Туркије заради интересите на валканите криминални групи и порача дека Туркије тоа никогаш нема да го дозволи.
„Сите ќе видат и ќе прифатат дека Република Туркије не е земја во која се повлекуват потези по мантра на темните странски центри. Во оваа земја сите ќе се борат во рамките на законите и што е најважно, моралните правила“, рече Ердоган.
Тој изјави дека сака да говори и за работата на Европскиот суд за човекови права.
„ЕСЧП не е праведен во своите одлуки. Кога е во прашање Туркије, донесува политичка, а кога се работи за Франција и Германија, донесува погрешни одлуки.“