Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган објави честитка по повод 100. Годишнината од Република Туркије.
„Ја доживуваме возбудата и гордоста што денес ја одбележуваме 100. годишнина на нашата Република. На нашите граѓани кои живеат во нашата земја и ширум светот од срце им го честитам 29 октомври - Денот на Републиката“, напиша Ердоган на социјалните мрежи. На социјалните мрежи на Претседателството на Република Туркије објавена е честитка по повод 29. Октомври, Денот на Републиката.
„Со гордост оддаваме спомен на сите наши херои, посебно на втемелителот на нашата Република, Мустафа Кемал Ататурк, кој несебично се бореше да победиме во војната за независност и оваа земја да стане нашата татковина. И понатаму со сите сили ќе работиме на тоа Република Туркије, која ја втемеливме плаќајќи висока цена пред 100 години, да ја издигнеме над нивото на современите цивилизации, со чувство на заедништво, солидарност и братство“, наведено е во пораката.
Во Република Туркије денес со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври - Денот на Републиката и 100 годишнината од прогласувањето на Република Туркије. Денот на Републиката се одбележува ширум земјат, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон па до Газиантеп и Кахраманмараш.
Делегацијата предводена од претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган денес по повод 29 октомвр, го посети Антикабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.
Во таа пригода интонирана е националната химна на Република Туркије и положено е цвеќе. Турскиот претседател Ердоган потоа остави порака во Книгата на впечатоци.
Националниот празник Денот на Републиката во Туркије се одбележува на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката ја прогласи војсководачот Мустафа Кемал Ататурк, кој Големото народно собрание на оваа земја потоа го избра за прв претседател на современа Туркије.
Еден од најголемите национални празници се одбележува со низа пригодни манифестации ширум земјата, вклучувајќи полагање венци во Антикабир, мавзолејот на Ататурк.