Ердоган: Израел се обидува да разгори регионален конфликт

Ционистичката израелска влада, помогната од западните сили, се обидува да разгори регионален конфликт, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во врска со синоќешниот израелски напад врз Иран.

Ердоган имаше свое обраќање на церемонијата во Хатај, јужна Туркије, за доделување нови домови на населението погодено од разорните земјотреси кои се случија во февруари минатата година.

„Клучно е да не паднеме во стапицата поставена од Израел и неговите поддржувачи“, порача Ердоган, додавајќи дека пристапот на Израел на крајот ќе пропадне: „Со овој начин на размислување, Израел нема да постигне ништо“.

Ердоган, исто така, упати порака на солидарност до иранската влада и народ. „Упатувам порака на солидарност до нашиот сосед Иран и иранската влада, кои синоќа беа цел на израелска агресија“.

AA
Популарни