Денес во мавзолејот Аниткабир, во Анкара, со државна церемонија е одбележана 86-годишнината од смртта на основачот на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.
Комеморацијата започна во 8:45 часот по локално време со движењето на високи државни функционери по Лавовскиот пат.
„Ататурк, уште еднаш со благодат се сеќаваме на вашата екселенција на 86-годишнината од вашето преминување во вечноста“, напиша претседателот Реџеп Таип Ердоган во книгата на спомени во Аниткабир.
„Не штедиме напори во зајакнувањето на Република Туркије, наследството на вашата екселенција и нашите загинати херои, во секоја област и да ја направиме посилна во безбедноста и стабилноста и покрај кризите во нејзината блиска околина“, додаде Ердоган.
„Ние нема да застанеме, ниту да се одмориме додека не изградиме Туркије, каде што мирот, спокојството, правдата, развојот и братството преовладуваат во секоја педа од нашата земја. Почивај во мир!“, додаде турскиот претседател.
Пред да ја остави својата пишана порака, Ердоган положи венец во мавзолејот, се придружи на двоминутното молчење во чест на покојниот лидер со својата придружна делегација, а потоа беше антонирана турската химна.
Во моментот на двоминутното молчење, турското знаме беше спуштено на половина копје.
Претседателот на турскиот Парламент, Нуман Куртулмуш, исто така сподели порака на Х по повод 86-годишнината од смртта на Ататурк.
„Во оваа прилика ја потврдуваме нашата решеност за натамошно унапредување на нашата Република и нашата земја со духот на националното единство, независноста и посветеноста на националниот суверенитет.“
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, исто така, го одбележа споменот на Ататурк на 86-годишнината од неговата смрт.
„Ние ја поддржуваме нашата надворешна политичка визија, која го претставува независниот курс и принципиелниот став на Туркије, и продолжуваме со нашите напори со духот на националната борба пренесен од нашите предци.“
Како што е вообичаено секој 10 ноември во Туркије, секојдневниот живот запира во 9.05 часот по локално време, со сирени кои го одбележат точниот момент на смртта на Ататурк на 57-годишна возраст, а милиони луѓе низ земјата одржаа двеминутно молчење.
Војната за турската независност официјално започна на 19 мај 1919 година. Извонредните победи на бојното поле доведоа до турска независност, што резултираше со основање на Република Туркије на 29 октомври 1923 година.
Ататурк беше прв претседател на републиката до 10 ноември 1938 година, кога почина во Истанбул на 57-годишна возраст од цироза.
Турскиот народ традиционално го посетува мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ секој 10 ноември за да му оддаде почит на основачот на нацијата.