Ердоган повторно избран за лидер на Партијата за правда и развој / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган повторно е избран на чело на Партијaта за правда и развој (АК партијата), освојувајќи ги сите 1.399 важечки гласови на 4. вонреден конгрес на АК партијата што денес се одржа во Анкара.

Изборот за претседател на партијата се организираше на 4. вонреден голем конгрес на АК партијата, што се одржа во Спортската сала во Анкара.

Али Ихсан Јавуз, претседавач со Советот на конгресот, изјави дека од 1.402 гласа, 1.399 биле важечки. Ердоган ги освоил сите 1.399 важечки гласови, со што повторно е избран на чело на партијата.

На истото гласање се утврдени Централниот одбор и Извршниот одбор на АК партијата.

AA
Популарни