Oрганизацијата на Обединетите нации во тага ја дочекува годишнината / Фото: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека од витално значење за Советот за безбедност на Обединетите нации е да преземе и спроведе мерки пред актуелната ситуација на Блискиот Исток да се претвори во уште поразорна криза од големи размери.

Претседателот Ердоган упати порака по повод Денот на Обединетите нации, 24. октомври и 79-годишнината на Обединетите нации (ОН), како и честитки до генералниот секретар и до вработените во ОН.

Наведувајќи дека бројот на претставници на ОН кои ги загубија животите во Газа и во другите конфликтни зони достигна рекордно ниво, Ердоган продолжи со зборовите:

„За жал, во овие денови кога се напаѓаат мировните мисии, а нејзиниот генерален секретар е дури и прогласен за „персона нон грата“, организацијата тажно ја дочекува својата годишнина. Уништувањата предизвикани од конфликтите низ целиот свет, сѐ поголемата глад и сиромаштија, исламофобија, ксенофобија и расизмот коишто го опкружуваат светот, со секој изминат ден ја зголемуваат должноста и одговорноста на Обединетите нации. Правилното исполнување на оваа одговорност ќе биде можно само со обезбедување на соодветни услови во кои сите главни органи на Обединетите нации, вклучително и Советот за безбедност, ќе да ги извршуваат своите функции.“

Ердоган потсети дека на денешен ден пред 79 години се основани Обединетите нации, чиј еден од основачите е и Туркије, сѐ со цел да се заштитат идните генерации од војни.

„За жал“, рече турскиот претседател, „Советот за безбедност на ОН денес е немоќен пред развојот на настаните кои го газат и меѓународното право и човечкото достоинство.“

„Советот за безбедност, кој не може да преземе чекори за ставање крај на геноцидот во Газа, со таквиот став ги охрабрува сторителите и ја поткопува вербата во меѓународниот систем заснован врз правила. Сега е од витално значење за Советот за безбедност да ги преземе и спроведе мерките што ги бара меѓународното право пред актуелната ситуација на Блискиот Исток да се претвори во уште поразорна криза со големи размери“, порача Ердоган.

Тој подвлече дека Туркије е подготвена да ги поддржи сите напори за да се обезбедни Обединетите нации, кои ги смета за камен-темелник на мултилатерализмот, повторно станат надеж за човештвото и меѓународниот систем повторно стане ефикасен, ослободен од двојните стандарди, заснован врз принципите на правдата, еднаквоста и солидарноста.

AA
Популарни