Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Истанбул повторно ја презеде задачата на финансиски центар на земјата, токму како што тоа било во минатото.
Ердоган присуствуваше на церемонијата на отворањето на банкарскиот оддел, со што со работа почна новоизградениот комплекс на истанбулскиот финансиски центар кој ќе ги совере големите финансиски институции од Туркије и пошироко.
Новоизградениот Истанбулски финансиски центар е уште еден во низата турски мегапроекти кој има најголема и најнапредна инфраструктура на светот и секако ќе биде гордост на Истанбул и Тукије со својот архитектонски дизајн и врвни можности и капацитети.
Турскиот претседател Ердоган во обраќањето пред присутните истакна дека раководството на земјата се труди со овие позитивни вести и продолжување со инвестициите и развојот ќе ја ублажи болката и тагата на нацијата која во февруари е погодена од разорните земјотреси со епицентар во јужната област Кахраманмараш. Ердоган рече дека со повеќевековните глобални финансиски центри во Њујорк и Лондон на глобалната сцена, се придружија центрите како Дубаи, Сингапур и Хонг Конг и дека е јасно дека тој пазар се насочува од западот кон истокот.
„Во тој контекст, сѐ поголемата комерцијална конкуренција помеѓу Азија и Европа и геополитичката положба на нашата земја отвораат нови можности за Истанбул. Нашите цели ги подигнавме за степен повеќе со моделот на турската економија, кој се темели на растот на нашата земја преку вложувања, вработување, производство, извоз и суфицит на тековната сметка. Веруваме дека Истанбул, кој во историјата служеше и како географски и трговски мост помеѓу истокот и западот, има потенцијал да ја воспостави истата врска помеѓу денешните финансиски пазари“, рече Ердоган.
Ердоган на отворањето на Истанбулскиот финансиски центар рече дека неговата вредност и колку тоа е стратешки, визонерски проект, ќе се види во годините кои доаѓаат.
„Новоизградениот Истанбулски финансиски центар ќе создаде нов финансиски екосистем во Истанбул, местото на сретнување на три континенти“, порача Ердоган и додаде дека делувањето на домашните и странските финансиски установи во овој центар значително ќе придонесе за турската економија.
Истанбулски финансиски центар
Истанбулскиот финаниски центар ќе биде домаќин на многу турски и меѓународни гости со своите 1,3 милиони квадратни метри канцелариски простор, 100.000 квадратни метри трговски центар, конгресен центар со 2.100 седишта, хотел со пет ѕвезди и модел на паметен град.
Во првата фаза од отворањето на банките се очекува во Финансискиот центар во Истанбул да бидат сместени уште многу значајни банки и финансиски институции од Туркије и странство.
Во банкарската фаза од почетокот на работењето на големиот финансиски проект ќе бидат отворени деловните единици Вакифбанк, Зираат Банк и Халк Банк.
Забележан е огромен интерес за канцелариски и малопродажни простори во рамките на тој проект.
Центарот има 21 деловен објект опремен со најсовремена технологија. За канцелариите и за трговскиот центар имаше поголема побарувачка од нивниот капацитет многу пред отворањето. Проектот, кој ги собира сите системи за управување во зградите од класа А под еден покрив, е дизајниран според највисоките светски стандарди и според моделот на паметен град. Сите канцеларии во проектот се опремени со прозорци со отворање и системи за вентилација со УВ-филтер.
Трговскиот центар, кој ќе биде домаќин на 100.000 посетители дневно, ќе содржи продавници на домашни и странски светски познати ресторани и малопродажни брендови. Ќе овозможи шопинг под отворено небо на два ката, кои опфаќаат вкупно 3,3 километри улици и плоштади. Во текот на денот ќе се нуди широк спектар на услуги и брендови, со гастрономија, облека, технологија, уметност, забава и други малопродажни категории во самиот центар.
Лоциран во Истанбулскиот финансиски центар, хотелот со пет ѕвезди е дизајниран за долгорочно сместување, имајќи ги предвид потребите на посетителите. Ќе има 325 соби и приближно 80 типа соби погодни за долгорочно сместување.