Ердоган: Туркије ја следи политиката на Грција исполнета со провокации     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Грција поради неодамнешните провокации, наведувајќи дека Туркије нема да се откаже од заштитата на своите права и интереси.

„Странските воени натрупувања ширум Грција кои потсетуваат на окупација, во суштина би требале да го вознемират грчкиот народ, а не нас“, рече Ердоган по состанокот на кабинетот во Анкара.

Коментарите на Ердоган следуваат откако дронови на турската војска забележаа грчко распоредување на оклопните возила на островите Лезбос и Самос, што е кршење на меѓународното право.

Туркије денес го повика грчкиот амбасадор и повика на запирање на прекршоците на егејските острови и враќањето на нивниот невоен статус, наведува Министерството за надворешни работи на Туркије.

Протестна нота

Воедно, во протестната нота до САД, Туркије повика на почитување на статусот на островите во Источниот Егеј и истакна дека треба да бидат преземени мерки за да се спречи употреба на оружје.

Ердоган рече дека Туркије ја следи политиката на Грција исполнета со „провокации“.

„Свесни сме дека реалните намери на оние кои грчките политичари ги поттикнале против нас, се да ја спречат нашата програма на изградба на голема и силна Туркије“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Туркије, доколку тоа биде потребно, нема да се откаже од користењето на сите расположливи средства поради заштита на своите права и интереси додавајќи дека Грција не е на исто ниво со Туркије.

Турскиот претседател Ердоган истакна и дека Грција ќе одговара за луѓето кои ги остави да умираат на Медитеранот.

Пофалби за договорот за житото

Ердоган рече и дека на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации го свртел вниманието на посредничката улога на Туркије во мигрантската криза и испораката на житото поради што е посебно пофален.

„Повеќе од пет милиони тони жито од Украина е извезено откако првиот брод исплови според договорот од Истанбул од 1. Август“, истакна Ердоган.

AA
Популарни