Ердоган: Туркије ќе го извезува електричниот автомобил Тогг од 2025 година / Photo: AA

Туркије од 2025 година ќе го извезува својот прв автохтон електричен автомобил Тогг, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Од 2025 година ќе го извезуваме Тогг и ќе го продаваме во светот“, рече Ердоган на церемонијата на поставувањето на темелите на СИРО погонот за развој и производство на батерии во северозападната индустриска област Бурса.

Ердоган додаде дека им е целта да испорачаат 28.000 возила Тогг оваа година и вкупно милион до 2030 година.

„Со националните возила на патиштата, нашата држава сега има автомобил и марка која може да им конкурира на најдобрите во светот“, рече Ердоган, додавајќи дека братските земји исто така го барале Тогг од Туркије.

Кон почетокот на април, Тогг излезе на патиштата по свечената испорака на Ердоган, кој рече дека Тогг го достигнал мометалното ниво како симбол на технолошки напредок на економски развој и глобална репутација на Туркије.

Во однос на новиот погон за батерии во областа Гемлик, Ердоган рече дека првото производство ќе започне во 2024 година.

„Денес со огромна инвестиција преземаме уште еден чекор кој ќе и помогне на Туркије да стане силен играч во технологијата на батерии“, рече претседателот на Туркије.

Според него, од 2026 година, овој кампус ќе стане интегриран центар кој произведува модули и пакети на батерии со висока содржина на никел, вклучувајќи батериски ќелии.

„Имаме цел Туркије да стане производствена база на Европа во технологијата на полначи и батерии како и електрични возила“, нагласи Ердоган.

AA
Популарни