Ердоган: Туркије ќе стори сѐ што е потребно за безбедноста / Photo: AA

Туркије ќе стори сѐ што е потребно да ја обезбеди земјата од терористички организации, рече денес претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

„Нема да го свиткаме вратот пред оние кои се обидуваат да не втераат во ќош користејќи терористички организации. Ќе сториме сѐ што е потребно за безбедноста на Туркије“, порача Ердоган пред одржувањето на 4. вонреден конгрес на Партијата за правда и развој (АК партија) во главниот град Анкара и додаде:

„Одлучни сме Туркије да ги оствари своите зацртани цели. Не се осврнуваме кон оние кои сакаат да не заплашат“.

Неодамна Туркије изведе воздушни напади во северните делови на Сирија и на Ирак, за да ги елиминира терористичките напади врз турскиот народ и безбедносните сили, неутрализирајќи ги ПКК/ЈПГ и другите терористички елементи, со цел осигурување на безбедноста на сопствените границата врз основа на правото на самоодбрана кое произлегува од членот 51 на Повелбата на Обединетите нации.

Овој потег следеше откако минатата недела беше осуетен напад во главниот град Анкара, кога бомбаш-самоубиец се разнесе пред зградата на турското МВР, а вториот терорист беше неутрализиран од безбедносните сили пред влезната капија.

Во нападот полесно се повредени двајца полицајци. Турското МВР ја потврди поврзаноста на напаѓачите со терористичката група ПКК.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската унија и во САД. Во текот на 35 годишната кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и новороденчиња. ЈПГ е огранок на терористичка организација ПКК кој делува во Сирија.

AA
Популарни