Ердоган во Анкара се состана со Блинкен / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во турската престолнина Анкара се состана со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Приемот е одржан во почесниот кабинет на аеродромот Есенбога.

Состанокот беше затворен за новинарите. На приемот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот амбасадор во Анкара Џефри Флејк.

Претходно денес, Блинкен во Анкара се состана и со шефот на турската дипломатија Чавушоглу. Блинкен допатува во Анкара во неделата после што ги посети подрачјата погодени од земјотрес на југот на Туркије.

Во рамките на дводневната посета на Туркије, која на 6 февруари ја погодија два разорни земјотреси, Блинек во неделата стигна во воената база Инџирлик во Адана каде го дочека Чавушоглу.

TRT Balkan / агенции
Популарни