„Би било погрешно со сигурност да се рече дека се работи за тероризам, но првичните информации добиени од гувернерот укажуваат дека тука се чувствува мирисот на тероризмот“, рече Ердоган.  Фото: АА / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган соопшти дека во експлозијата во истанбулската улица Истиклал загинаа најмалку шест, а дека се повредени 53 лица.

Ердоган се обрати пред новинарите на аеродромот „Ататурк“ пред поаѓањето на службен пат во Индонезија поради учество на Самитот на лидерите на земјите Г20.

Ердоган притоа оддаде почит на загинатите и посака брзо опоравување на повредените во експлозијата која денес во попладневните часови се случи во улицата Истиклал, една од најпромените улици во Истанбул.

„Би било погрешно со сигурност да се рече дека се работи за тероризам, но првичните информации добиени од гувернерот укажуваат дека тука се чувствува мирисот на тероризмот“, рече Ердоган.

Тој исто така рече дека првичните согледувања од теренот укажуваат на тоа дека една жена имала улога во оваа експлозија и порача дека сите одговорни за овој напад ќе бидат идентификувани и процесуирани.

Ердоган исто така порача дека не успеале и никогаш нема да успеат напорите на оние кои со тероризмот сакаат да ја презедат Туркије и турскиот народ.

AA
Популарни