Ердоган во Истанбул се состана со членовите на Претседателството на БиХ / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана во Истанбул со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

„Ердоган во вилата Вахдетин одржана состанок зад затворени врати со претседавачот на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ и членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ“, соопштено е од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Туркије.

Не се објавени дополнителни информации за состанокот, кој е одржан неколку недели по двата силни земјотреси кои го потресоа југот на Туркије, на 6 февруари, а во кои смртно страдаа повеќе од 43.550 луѓе.

Веднаш по разорните земјотреси, многу земји во светот испратија тимови за потрага и спасување, како и хуманитарна помош за настраданите во Туркије, а меѓу нив е и Босна и Херцеговина.

TRT Balkan / агенции
Популарни