Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган соопшти дека во Туркије е фатен еден од најважните водачи на терористичката организација ДАЕШ, терористот Башар Хатаб Газал ал Сумаидаи, со кодното име Абу Зеид/ Мастер Зеид.
Ердоган ова го изјави за новинарите во авионот на враќањето од Загреб, при што рече дека челникот на ДАЕШ е фатен со успешна операција на Турската разузнавачка служба и полицијата во Истанбул.
„Меѓународните извештаи и извештајот за безбедност на ОН, исто така, содржеа информации дека овој терорист е еден од високите раководители на терористичката организација ДАЕШ“, истакна Ердоган.
Ердоган исто така рече дека успешната операција на фаќање на терористот е изведена по внимателно следење на врските на терористот во Сирија и Истанбул и врз основа на разузнавачко сознание дека лицето илегално влегува во Туркије.
„Истанбулските безбедносни единици утврдија дека терористот користел лажен идентитет“, додаде Ердоган.