Турскиот претседател и претседателот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) изјави дека во текот на изминатите две децении инвестирале ширум Туркије. Ердоган на собирот во Анталија порача дека ќе продожат да ја градат Туркије како што тоа го правеле во изминатиот период.
Турскиот претседател додаде дека во изминатите години напорно работеле за да Туркије силно напредува во сите области. „Секоја педа од државата ја покривме со инвестиции, не гледајќи го ничие потекло или вера“, рече Ердоган.
Тој истакна дека во Туркије го зголемиле бројот на универзитети од 76 на 208.
„Сега образование се пружа во сите 81 области во Туркије. Благодарејќи им на нашите модерни универзитети сега се натпреваруваме со Западот, Европа, Америка“, рече турскиот претседател.
Нагласи дека во текот на изминатата 21 година ја развивале Туркије во сите области, од образование, здравство, безбедност, правосудство, енергетика, земјоделство, индустрија до туризмот.
Тој додаде дека со големите успеси и достигнувања го фасцинирале светот и ја вовеле Туркије меѓу светските гиганти.