Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја веќе со денови ги уништува терористичките засолништа во Ирак и во Сирија со авиони, артилерија и беспилотни летала, и дека ќе ги искорени терористите.
„Одговорот на кукавичкииот напад на терористите во кој се убиени шест недолжни луѓе, го дадовме со срамнување со земја на терористичките засолништа на северот на Сирија и Ирак“, рече Ердоган во текот на церемонијата на отворањето на неколку проекти во турскиот град Артвин.
На 20 ноември, Туркије покрена операција „Канџа-меч“, прекугранична воздушна кампања против терористичката група ЈПГ/ПКК која има илегални засолништа преку ирачката сириска граница каде планираат напади врз турска територија.
Воздушната операција на Туркије следуваше по 13 ноември, кога е изведен терористичкиот напад во истанбулската улица Истиклал во која се убиени шест, а повредени 81 лице.
„Ги знаеме нивните идентитети и локацијата. Добро знаеме и кој е покровител, како и кој ги вооружува и поврзува терористите“, рече Ердоган и додаде: „Се надеваме дека ќе ги искорениме сите терористи што е можно поскоро.“
Во својата повеќе од 35 години долга терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористичките организации во Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и возрасни лица. ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК.