Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека во денешниот терористички напад врз објектот на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во главниот град Анкара животот го загубиле 5 лица, а 22 се повредени.
Министерот Јерликаја ги посети лицата повредени во терористичкиот напад во градската болница „Билкент“.
По посетата министерот Јерликаја изјави дека седум повредени се наоѓаат во болницата „Билкент“.
Тој истакна дека посетил четворица од повредени и дека нивната состојба е добра.
„За жал, бројот на загинати се зголеми на пет. Повредени се 22 лица. Седум повредени се во оваа болница, едно лице е отпуштено од болница, двајца наскоро ќе бидат отпуштени. Така, лекувањето на 19 лица продолжува“, објаснија Јерликаја.
Тој посочи дека двајца од 19-те повредени лица се во тешка состојба.
Министерот Јерликаја потсети дека се неутрализирани двајца терористи - жена и маж.
„Продолжуваме со процесот на идентификација. Штом ќе завршиме со тоа, ќе споделиме информации за нивниот идентитет и за која терористичка организација работеле“, рече Јерликаја.
„Начинот на кој се одвивала акција од самиот почеток и сликите што ги видовме таму најверојатно е поврзано со она што го прави ПКК. Ова е наша проценка, но повторно ќе ги споделиме со вас кога ќе го утврдиме идентитетот и кога ќе се бидат познати други докази. Ја осудуваме гнасната, предавничка терористичка организација и во секоја прилика порачуваме дека тероризмот е злосторство против човештвото“, рече турскиот министер Јерликаја.