Езерото Туз во Туркије: Прекрасна дарба од природата / Photo: AA

Езерото Туз (Солено езеро) во Туркије, кое се наоѓа во регионот на Централна Анадолија, претставува едно од поважните мочуришта на Туркије и е од голема важност за заштита на биолошкиот диверзитет во земјата.

Убавините на езерото препознаени од УНЕСКО

Ова езеро со своите природни убавини го привлекува вниманието на домашните и странските туристи. Заоѓањето на сонцето на езерото кое се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО, создава прекрасна глетка.

Во зимскиот период езерото има светлосина боја, а преку лето ја менува бојата во црвена, што претставува вистински природен феномен. Истражувачите објаснуваат дека посебниот вид микроалги ја предизвикува оваа необична појава.

Според Извештајот за заштита на природното наследство за соленото езеро Туз, подготвен во изминатите години од страна на Генералниот директорат за заштита на животната средина, езерото Туз кое се наоѓа во затворен слив, и покрај своето тектонско потекло и големината, геолошки се смета за едно од најплитките езера во Туркије.

70% од потребите за сол во Туркије се обезедуваат од езерото Туз

Туз се наоѓа во Централна Анадолија, опкружено со висорамнините Џиханбејли и Хајмана, во најнискиот дел на регионот.

Езерото, чија длабочина на многу места е помала од половина метар, напролет кога се зголемува нивото на водата достигнува површина од 164.200 хектари. Седумдесет отсто од потребите за сол на Туркије се обезбедуваат од ова езеро. Езеро важно за заштита на биодиверзитетот

Соленото езеро Туз е многу важно и за заштита на биодиверзитетот. Тоа го носи епитетот второ најсолено езеро во светот. Регионот распостранет на површина од 7.414 квадратни километри, според меѓународните критериуми, е класифициран како мочуриште од класа „А“.

Соленото езеро Туз е многу важно и за заштита на биодиверзитетот AA

Езерото и во однос на присуството на птиците се смета за едно од најбогатите во Туркије. Во рамките на проектот за истражување на биодиверзитетот, во соленото езеро Туз се идентификувани 71 ендемичен вид растенија.

Од 226 видови растенија во областа, два вида се сметаат за чувствителни сорти и се заштитени со Бернската конвенција. Околу езерото, евидентирани се вкупно 412 вида фауна, од кои 241 вид на без'рбетници, 16 водни бентосни макробезрбетници, 8 риби, 22 водоземци и влекачи, 100 птици и 25 цицачи. За првпат се евидентирани 48 видови фауна.

Фламингата му даваат посебна убавина на езерото AA Archive

Фламингата му даваат посебна убавина на езерото

Езерото Туз е едно од најважните мочуришта каде што се раѓаат фламингата. Затоа секоја година езерото го посетуваат многу домашни и странски туристи, кое е домаќин на илјадници фламинга.

Во рамките на проектот за зачувување и следење на мочуриштата.

При набљудувањата утврдено е дека фламингата имале здрав развоен период и дека како поединци се вклучиле меѓу постарите фламинга.

TRT Balkan / агенции
Популарни