Фетулах Ѓулен водачот на терористичката група ФЕТО почина во САД

Фетулах Ѓулен водачот на терористичката група ФЕТО почина во САД

Водачот на ФЕТО со години се криеше во американската сојузна држава Пенсилванија.
ФЕТО и нејзиниот водач со седиште во САД, Фетулах Ѓулен, го организираа поразениот државен удар на 15 јули 2016 година во Туркије  / Photo: AA Archive

Фетулах Ѓулен, кој го организираше обидот за државен удар во Туркије во 2016 година, почина во американската сојузна држава Пенсилванија, пренесуваат повеќе извори. Почина на 83 години.

Херкул, веб-страница која ги објавува пропагандните проповеди на Ѓулен, на профилот на социјалната мрежа Х објави дека Ѓулен починал во недела вечерта во болницата каде што се лекувал.

Со децении, Ѓулен, водачот на терористичка организација ФЕТО, раководеше со огромната терористичка мрежа чија цел беше поткопување на турската држава и демократија.

Ѓулен живееше во американската сојузна држава Пенсилванија. Турските лидери долго време бараа негова екстрадиција, но американските судски власти не дадоа одобрение.

ФЕТО и нејзиниот водач со седиште во САД, Фетулах Ѓулен, го организираа поразениот државен удар на 15 јули 2016 година во Туркије, во кој беа убиени 252 луѓе, а 2.734 беа ранети.

Официјална Анкара, исто така, ја обвинува ФЕТО дека стои зад долготрајната кампања за државен удар преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

TRT World
Популарни