Министерот за надворешни работи на Туркије Хакан Фидан телефонски разговараше со Оливер Вархеји, комесарот на Европската унија задолжен за соседство и проширување.
Фидан и Вархеји разговараа за резултатите од состанокот на Советот за општи работи на ЕУ одржан на 12 декември и за резултатите од Самитот на ЕУ одржан на 14 и 15 декември.
Фидан изјави дека не е во ред што на Самитот на ЕУ одржан минатата недела, спротивно на очекувањата, не се разговарало за Заедничката изјава за односите Туркије-ЕУ, подготвена од Комисијата на ЕУ и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, а која е оставена за следниот самит.
Порачувајќи му на Вархеји дека Европската унија треба да покаже поправеден и повнимателен однос кон Туркије, Фидан нагласи дека ЕУ треба да дејствува од стратешка перспектива и да ги подобри односите со Туркије во овие денови кога глобалните предизвици се интензивираат.
Фидан потсети дека очекуваат ЕУ што е можно поскоро да преземе конкретни чекори за прашања како што се ажурирање на Царинската унија, зголемување на соработката во областа на инвестициите и овозможување визно олеснување.