ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Туркије во 2016 година / Photo: AA

Во операцијата против терористичката организација ФЕТО, спроведена во 77 турски градови, уапсени се 661 осомничен, изјави во вторник турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во изјавата на социјалните мрежи, Јерликаја рече дека нема да им прости на оние кои брутално пукаа во луѓе, го бомбардираа турскиот парламент и крадеа прашања за испити.

Наведено е дека операцијата против ФЕТО наречена „Стапица“ била спроведена во 77 провинции, вклучувајќи ги Анкара, Истанбул и Измир, а во координација со Управата за безбедност и разузнавачки работи, Управата за борба против шверц и организиран криминал (КОМ), Одделот за борба против тероризам (ТЕМ) и со поддршка на МИТ.

Јерликаја откри дека во операцијата биле приведени 611 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО.

Тој истакна дека меѓу приведените има и осомничени кои дејствувале во рамките на провинциските, образовните и финансиските структури на терористичката организација.

„Идентификувани се лица кои се криеле во куќите на Гајбубет, сакале илегално да побегнат во странство, помагале во тоа, користеле БајЛок, како и лица кои биле идентификувани со изјави на други уапсени лица“, рече Јерликаја.

Терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација предводена од Фетулах Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави и чија екстрадиција Туркије ја има официјално побарано од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата.

Потоа во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО инфилтрирани во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следеше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар изведен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрирала во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна.

Ова во неколку наврати го истакнуваа турските власти.

За време на обидот за државен удар во Туркије, загинаа 253 лица, а повеќе од 2.730 луѓе беа повредени.

AA
Популарни