Првиот локално дизајниран и произведен повеќенаменски сервисен хеликоптер во Туркије, T625 Гокбеј, од Турската воздушна индустрија (ТАИ) е опремен со автохтони авионски системи на одбранбената компанија Аселсан со седиште во Анкара.
Т625 Гокбеј денеска е доставен до Генералната команда на турската жандармерија и сега ќе ги исполнува своите мисии со системите целосно развиени од турската одбранбена индустрија, особено со додатоците на Аселсан.
Од Аселсан соопштија дека во Т625 Гокбеј се користат околу 34 различни авионски системи, меѓу кои се компјутерот за контрола на летот, националните комуникациски системи, системи за идентификација, модуларни дисплеи, панели, системи за навигација и многу други.
Фирмата разви најсовремени карактеристики за T625 Гокбеј во согласност со стандардите на конкурентските авионски индустрии во меѓународните цивилни платформи.
Напорите на Аселсан да ги модернизира леталата користејќи домашни системи се очигледни од 1.100 авиони на кои работеле досега, вклучувајќи хеликоптери и беспилотни летала.
Соработката на одбранбената фирма со ТАИ може да се следи наназад до хеликоптерот Т129 Атак, во кој се користеа системите на Аселсан за прикажување, навигација, комуникација и оружје. Овие производи во T129 Атак беа извезени и на Филипините и Нигерија.
Фирмата ја продолжува соработката со ТАИ за развој и интеграција на сите авионски системи за повеќенаменски хеликоптер од 10 тони и противпожарен хеликоптер на Генералната управа за шумарство. Неодамна одбранбената фирма интегрираше системи за водена муниција во хеликоптерите „Сихок“ на турската морнарица.