Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека е идентификуван еден од терористите што вчера извршија терористички напад врз комплексот на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара, главниот град на Туркије, јавува Анадолу.
„Идентификуван е мажот терорист што вчера беше неутрализиран во предавничкиот терористички напад врз ТУСАШ“, рече Јерликаја.
Тој истакна дека станува збор за терористот Али Орек, со кодно име Ројгер.
„Тој е член на терористичката организација ПКК. Работиме на идентификување на жената терорист. Ниту еден терористички напад не може да нѐ поколеба“, рече Јерликаја.
Двајцата терористи што ги нападнаа објектите во Анкара се „неутрализирани“.
Во терористичкиот напад загинаа пет лица, а 22 се повредени.