Истанбул го собори рекордот со 17,3 милиони странски посетители во 2023 година / Photo: AA

Истанбул, еден од најпосетуваните градови во светот, го собори рекордот од сите претходни години со тоа што беше домаќин на повеќе од 17,3 милиони странски посетители во текот на 2023 година.

Според Министерството за култура и туризам на Туркије, бројот на странски државјани кои го посетиле Истанбул е зголемен за 8,44 отсто во однос на претходната година.

Според извештаите, минатата година Истанбул го посетиле 17.370.030 странски туристи.

Најмногу посетители имало од Руската Федерација со вкупно 1,9 милиони, потоа Германија со 1,2 милиони, Иран со 1,05 милиони, Соединетите Американски Држави со 853.000, Велика Британија со 701.000, Саудиска Арабија со 604.000 и Франција со 589.000.

Аеродромот во Истанбул беше првиот избор на странските посетители кои пристигнаа во Истанбул во 2023 година.

Вкупно 71,78 отсто од странските државјани кои пристигнале со авион во руската метропола го користеле аеродромот во Истанбул минатата година.

AA
Популарни