Nis numërimi mbrapsht për balotazhin në Türkiye, ja kalendari zgjedhor / Photo: AA

Во Туркије на 28 мај ќе се одржи вториот круг од претседателските избори, во кои турските гласачи ќе бираат помеѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган од АК Партија која ја предводи Народната алијанса и противкандидатот Кемал Киличдароглу од Републиканската народна партија (ЏХП), која ја предводи Националната алијанса.

На Ердоган му требаше помалку од половина процентен поен за да биде избран во првиот круг, а разликата со гласовите што ги освои противкандидатот Киличдароглу е над 4,6 отсто од вкупниот број гласови. Еве го изборниот календар за вториот круг.

Изборен календар за вториот круг од претседателските избори во Туркије TRT Balkan

Сега сè почнува одново. Првите гласачки ливчиња ќе бидат вметнати во гласачките кутии викендов кога треба да започне гласањето во дијаспората, додека следната недела ќе се гласа во Туркије.

Утре ќе се финализираат приговорите за резултатите

Врховниот изборен совет на Туркије до утре ќе ги финализира приговорите за гласањето во првиот круг од изборите. Во петок турското изборно тело ќе ги објави официјалните и конечните резултати.

Дијаспората гласа меѓу 20 и 24 мај

Турските иселеници ќе гласаат за вториот круг од претседателските избори меѓу 20 и 24 мај. Почнувајќи од овој викенд повторно се организира гласање во 73 држави и 156 турски претставништва, како и на граничните премини.

Право на глас во вториот круг имаат вкупно 3,41 милиони Турци во дијаспората. Во првиот круг од претседателските избори, кои се одржаа заедно со 28-те парламентарни избори во земјата на 14 мај, гласале 52,69 отсто од иселениците со право на глас.

Во првиот круг од изборите најмногу гласачи имаше во Германија, вкупно над 700.000. Голем број иселеници гласале и во Франција, Англија, Холандија, Белгија, Австрија, САД и уште неколку земји.

Во земјите од регионот, најмногу гласачи имаше во Северна Македонија (1.765), потоа Босна и Херцеговина (околу 1.473), Србија (околу 1.256), Црна Гора (околу 1.070), Косово (околу 1.064) и Албанија (632).

Телевизиска кампања од 24 мај

Иако теренската кампања започна веднаш по официјалното соопштение дека ќе има втор круг, телевизиската кампања со предизборни обраќања ќе започне од 24 мај.

Кампањата завршува на 27 мај во 18:00 часот по локално време.

Гласањето за вториот круг од претседателските избори ќе се одржи во недела, на 28 мај, со почеток од 08:00 до 17:00 часот по локално време. Над 60 милиони граѓани во Туркије имаат право преку гласањето да го направат својот избор во вториот круг.

TRT Balkan
Популарни