Вкупно 650.000 членови на различни тимови за помош, пребарување и спасување, вклучително и 11.488 членови на меѓународен персонал, работеа на интервенциите во регионот / Photo: AA

Пред една година Туркије беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер, со разорни последици во 11 провинции. Земјотресот, кој беше окарактеризиран како „катастрофа на векот“, директно погоди 14 милиони граѓани. Туркије прогласи тревога од четврто ниво, вклучувајќи и меѓународна помош, а во целата земја е прогласена седумдневна национална жалост.

На 6 февруари 2023 година, во 4:17 часот по локално време, Туркије беше погодена од земјотрес со јачина од 7,7 степени во областа Пазарџик во Кахраманмарас, а во 13:24 часот во областа Елбистан, уште еден земјотрес со јачина од 7,6 степени.

Во „катастрофата на векот“ што го погоди Кахраманмарас, како и Хатај, Османије, Адијаман, Дијарбакир, Шанлиурфа, Газиантеп, Килис, Адана, Малатија и Елазиг, животот го загубија 53.537 луѓе, а 107.213 се повредени.

По земјотресот, за кој Туркије прогласи четврто ниво на тревога, вклучително и меѓународна помош, тимови за пребарување и спасување од 93 земји учествуваа во спасувачките напори во регионот.

Земјотресите, кои директно погодија 14 милиони луѓе на површина од 120.000 квадратни километри, предизвикаа големи разурнувања во 11 провинции, 124 области, 6.929 села и области.

Додека низ целата земја беше прогласена седумдневна национална жалост, во регионот на земјотресот беше прогласена вонредна состојба.

По земјотресот беа мобилизирани сите јавни институции, локални самоуправи, невладини организации и волонтери, а во регионот беше испратена помош, вклучувајќи вода, храна, лекови и облека.

Пребарување е извршено во 38.901 зграда уништена од земјотресот, а операции за трагање и спасување во 26.000 згради каде е утврдено дека под урнатините има преживеани.

Во интервенциите учествуваа 650.000 спасувачи

Вкупно 650.000 членови на различни тимови за помош, пребарување и спасување, вклучително и 11.488 членови на меѓународен персонал, работеа на интервенциите во регионот.

645.000 шатори беа поставени во 350 шаторски градови во регионот, а 215.224 контејнери беа поставени во 414 контејнерски градови.

106,7 милијарди турски лири ресурси беа префрлени во регионот

Како дел од услугата за привремено засолниште, исплатени се вкупно 14,4 милијарди лири (околу 440 милиони евра) „исплати за поддршка на киријата“ на 349.000 домаќинства. Во овој контекст, продолжува исплатата на поддршка за кирија од 7.500 лири за сопствениците на куќи (околу 230 евра) и 5.000 лири (околу 150 евра) на станарите.

Заедно со другата помош и исплати, вкупно 106,7 милијарди лири (околу 3,25 милијарди евра) се префрлени во земјотресното подрачје.

Извршена е проценка на штетите на 2,30 милиони згради, а досега е завршен 91 отсто од процесот на отстранување на урнатините во регионите погодени од земјотресот.

Во рамките на напорите да се залечат раните на граѓаните погодени од земјотресите, започната е изградба на 307.000 куќи во урбаните центри и селата во погодените подрачја.

Во овој контекст, во проектите за реконструкција во регионот, за станови се обезбедени се 750.000 лири грантови (околу 22.800 евра) и 750.000 лири кредити, за селски куќи со штали 750.000 лири грантови и 1 милион лири (околу 30.400 евра) кредити и заделовни простори 400.000 лири грантови (околу 12.200 евра) и исто толку кредит со грејс период од две години и безкаматен рок на доспевање од 10 години.

AA
Популарни