Неколку лица на гласање дојдоа јавајќи коњи, додека жените на гласање ги донесоа и децата.      Фото: АА

Киргизите, кои живеат во округот Ерџис во турската област Ван, во вториот круг на гласање на претседателските избори во Туркије гласаа облечени во народни носии.

Неколку лица на гласање дојдоа јавајќи коњи, додека жените на гласање ги донесоа и децата.

Киргизите емигрираа во Туркије од Палмирската Висорамнина во 1982 година.

Избирачките места низ Туркије се отворени утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време), со што започна гласањето од вториот круг на претседателските избори во оваа земја.

Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас во вториот круг избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидат на Народна алијанса, и Кемал Киличдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса. Во вториот круг на изборите во Туркије право на глас дополнително имаат 47.523 гласачи што во меѓувреме навршиле 18 години.

AA
Популарни